ТТК Банка АД Скопје отсега може да продава сопствени акции по пат на јавна понуда.
Ова одобрение банката го доби по одлуката на Комисијата за хартии од вредност на 25-тата седница што се одржа вчера, а со која претседаваше Претседателот на Комисијата Елизабета Чингаровска.
“Предмет на понудата се 24.092 обични акции кои претставуваат 2,65% од вкупниот број на издадени акции од ТТК Банка АД Скопје. Номиналната вредност е 1.000 денари по акција. Отуѓувањето на сопствените акции ќе се реализира на Македонската берза АД Скопје согласно моделот на минимална цена, при што приоритет се дава на налозите со повисока цена и порано време на внес на налогот. Минимална продажна цена е 727 денари по акција”, соопштуваат од КХВ.
Јавната понуда ќе се смета за успешна, доколку се оттуѓат најмалку 60% од понудените акции во Проспектот.
Инаку, продажбата на сопствените акции, ТТК Банка АД Скопје ја врши врз основа на Законот за банки според кој сопствените акции мора да се оттуѓат во рок од една година од денот на стекнувањето.