И покрај многуте шпекулации во текот на викендот дека Одборот го променил мислењето за својот директор, Сем Алтман не се враќа како прв човек на OpenAI.
Како што сега стојат работите, новиот привремен извршен директор на компанијата ќе биде Емет Шир. Шир е поранешен шеф и ко-основач на услугата за видео стриминг Twitch.
Одборот го отпушти Алтман во петокот, велејќи дека ја изгубил довербата во него и ја назначи главната директорка за технологија на OpenAI, Мира Мурати, за привремен извршен директор. Но, се чини дека компанијата најде поинакво решение.
Во текот на викендот се појавија шпекулации дека тој би можел да се врати, наводно по реакцијата од вработените и инвеститорите.
Но, во неделата вечерта, одборот на OpenAI рече дека „цврсто стои зад својата одлука како единствен пат за унапредување и одбрана на мисијата на OpenAI“, се вели во внатрешен меморандум што го виде Њујорк Тајмс.
Фото: Youtube printscreen