Илон Маск и Сергеј Брин поканети во Москва на Меѓународниот форум за дигитални технологии

79

Руската асоцијација „Дигитален транспорт и логистика“ денеска ги покани извршниот директор на Tesla, Илон Маск, и коосновачот на Google, Сергеј Брин, на Меѓународниот форум за дигитални технологии во областа на транспортот, што ќе се одржи на 19 декември во образовниот центар Ломоносов во Москва.

На форумот ќе се разговара за имплементација на дигитални технологии во областа на сообраќајот, беспилотните возила, инфраструктурата, техничките и законските прописи, пренесува РИА Новости.

Организаторите забележуваат дека Русија постигнала голем напредок во развојот на транспортните технологии во изминатите 20 години.