Соработката меѓу Хрватска и Србија, позитивен сигнал за инвеститорите

44

sorabotkaПодобрата економска соработка меѓу Хрватска и Србија ќе биде позитивен сигнал за инвеститорите и ќе привлече повеќе инвеститори во целиот регион. Иако хрватскиот закон не прави разлика меѓу домашниот и странскиот инвеститор, во пракса разлика постои. На 200 хрватски компании во Србија доаѓаат само неколку српски компании во Хрватска. Место за унапредување на соработката има во земјоделието, енергетиката, градежништвото.

Ова беше констатирано на средбата на бизнисмени од двете земји во Стопанската комора на Србија, кои вчера разговараа со претседателите на двете земји, Иво Јосиповиќ (Хрватска) и Томислав Николиќ (Србија), јавува РТС.

Потпретседателот на Стопанската комора на Србија, Раша Ристивојевиќ вели дека случувањата од изминатите години имаат влијание, но тоа е се помало.

“Големите компании кои сакаат да инвестираат во Хрватска се свесни дека имаат и други проблеми, од конкурентите и од Хрватска и од европските земји”, објаснува Ристивојевиќ.

Во последните десет години, двете земји ја зголемиле размената за 20 пати. Сепак, место за унапредување на соработката има во енергетиката, метало – преработувачката индустрија и градежништвото, стои во заклучокот.