Кејт Мос станува моден уредник во британски Vogue

33

Kate-MossСупермоделот Кејт Мос ќе му се придружи на уредничкиот тим на британски Vogue, а нејзината прва приказна како моден уредник ќе се печати во пролетното издание.

“Воодушевена сум што Кејт ќе ни се придружи во една тотално нова улога. Нејзиниот брилијантен осет за стил, длабокото познавање на модата, разбирање на трендовите и неверојатното искуство сигурно ќе донесат вистинско освежување на страниците на британски Vogue”, изјави Александра Шулман, уредничка на овој магазин.

Кејт Мос досега 33 пати била на насловната страна на британски Vogue, по дебито во март 1993 година.