Вредноста на X платформата падна за 71 отсто откако социјалните мрежи ги купи Маск

80

Вредноста на платформата Х падна за 71 отсто откако социјалните мрежи ги купи американскиот милијардер Илон Маск и го преименуваше Твитер, објави американската мултинационална корпорација за финансиски услуги Фиделити, која има удел во платформата.

Заедничкиот фонд Fidelity, кој поседува удел во платформата X, ја намали вредноста на своите акции, а американскиот сајт Axios дојде до податоци за тоа и проценува дека вредноста на платформата сега е околу 12,5 милијарди долари.

Фондот соопшти дека до ноември минатата година вредноста на неговите акции во платформата Х паднала за 71,5 отсто откако Маск ја купи социјалната мрежа, објави Гардијан.