Американските технолошки гиганти Гугл и Амазон во одделни најави соопштија дека ќе отпуштат стотици вработени.
Google објави дека ќе се раздели со „неколку стотици“ вработени и ќе реорганизира неколку сектори, пренесува Reuters.
Работниците во главниот инженерски оддел на Google ќе бидат отпуштени, како и во одделенијата вклучени во развојот на гласовниот асистент (Voice Assistant) и развојот на производи како што се паметните телефони Pixel, паметните домашни уреди Nest и фитнес нараквиците Fitbit.
Дополнително, ќе бидат отпуштени „мнозинството“ вработени во одделот специјализиран за развој во областа на проширена реалност (augmented reality), се додава во соопштението на Google, пренесува Танјуг.
Истиот ден со Гугл, Амазон објави отпуштање на „стотици вработени“, пред сè во сервисот за стриминг Twitch и Prime Video, како и во филмското студио Metro Goldwyn Mayer, кое Amazon го купи во 2021 година, пренесува CNN.
Во 2023 година, Alphabet, сопственик на Google, отпушти 12.000 вработени, а Amazon отпушти 27.000 работници.
Технолошките компании ширум светот минатата година отпуштија повеќе од 260.000 вработени поради падот на приходите.