Dr.Oetker – Квалитетот е најдобар рецепт

650

das-logo-des-dr-oetker-konzerns-in-bielefeld-fot_full

Уште во далечната 1891, германскиот доктор по име Аугуст Еткер им овозможи на жените од Германија да печат леб и други видови на пецива со висок квалитет.

140044701Благодарение на прашокот за пециво Backin што лично тој го произведе во неговата аптека во Билефелд, Германија, пецивата веќе никогаш нема да бидат исти.

Квалитетот на суровините и стабилниот сооднос на активните состојки, придонесоа готвењето да биде задоволство.

Токму со оваа револуционерна иновација доктор Еткер ги постави темелите на брендот и компанијата која до ден денес го носи неговото име – Доктор Екткер (Dr. Oetker).kjl; - Copy

Со цел да ја запознае јавноста што подобро со прашокот Backin, компанијата објави и специјални готвачи со рецепти, реклами во весниците, како и рецепти-предлози на самите пакувања. Но Доктор Еткер не застана таму, компанијата произведе и други производи како Густин (Gustin), Ванилин шеќер (Vanillezucker) и пудингот Dr. Oetker.

kjl;Со доаѓањето на 20 век беше отворена и првата фабрика за храна на компанијата, која што со текот на годините се повеќе се прошируваше и во другите европски држави.

Континуираниот раст и успех на Доктор Еткер, од почетокот па до сега, се должи на способноста на компанијата да произведува линија на нови производи согласно со потребите на потрошувачите. Пример за тоа е одлуката да се внесе смрзната храна на европскиот пазар.

Untitled

Денес сите Dr. Oetker компании кои ги има во неколку различни земји во светот, се под раководство на Oetker International со седиште во Билефилд Германија. Иако активностите на компанијата во најголем дел се одвиваат на пазарите во Источна и Западна Европа, компанијата е исто така присутна и во Северна и Јужна Америка.

portraet_alle

Dr. Oetker е фамилијарен бизнис, а моментално на чело на компанијата е четвртата генерација Еткер, односно Аугуст Еткер. Ова се рефлектира во еколошки ориентираниот пристап на семејството на корпоративното управување, неговите иницијативите насочени кон обезбедување на работни места, како и општествената и културна посветеност на компанијата.

1_Oetker_produkte_raum_masterФамилијата Еткер работи во согласност со принципот дека интересите на компанијата имаат предност во однос на интересите на сопствениците.

Ова игра клучна улога во големата лојалност и идентификација на вработените со компанијата, што може да се види во работната сила на Еткер.

lkПроизводите на Доктор Еткер денес се познати насекаде. Почнувајќи од разните пецива, миксови за десерти, пудинзи и мусли до конзерви, замрзната пица, крицки со вкус на пица, јогурти, ладни десерти и органски производи.

Компанијата поседува пет хотели под брендот Oetker Hotel Collection и тоа Brenner’s Park-Hotel & Spa во Баден Германија, Hotel Le Bristol во Париз, Франција, Chateau Du Domaine St. Martin во Венс Гранција, Hotel Du Cap – Eden-Roc, Антиб, Јужна Франција.

Le_Bristol_Paris

**Неодамна сопственикот на компанијата Аугуст Ектер за јавноста откри дека неговата фамилија во минатото била поврзана со нацистите, и тоа неколку дена пред да биде објавена книга токму за поврзаноста на ова семејство со идеологијата на Адолф Хитлер.

Во изјавата Еткер додава дека неговиот татко се придружил на нацистичката партија во текот на 30-тите години од минатиот век и дека бил под влијание на  својот очув, кој бил страствен поддржувач на Хитлер. Книгата е дело на германски историчар и е финанскиски поддржана од самата компанија Dr. Oetker.