Apple ги претстави iPad Air и iPad mini

90

ipad-mini-ipad-air

Apple вчера во Сан Франциско претстави низа нови производи, но ѕвезди на претставувањето беа новите модели на iPad – iPad Air и iPad mini. Претставени се и новите MacBook Pro комјутери и обновени апликации и оперативни системи кои од сега доаѓаат бесплатно со новите уреди.

Петата генерација на iPad е потенка, полесна и побрза од претходната. Новиот iPad mini има ист број на пиксели како iPad Air, па можат да користат исти апликации. Батеријата му трае 10 часа и доаѓа во исти бои како и iPad Air. Цената е 399 долари, а на пазарот ќе пристигне во ноември. Стариот iPad mini и понатаму ќе биде достапен и тоа по старата цена од 299 долари. iPad Air е за 20% потенок од претходната генерација таблети на Apple, со почетна цена од 499 долари.

“Нашата конкуренција е збунета, а ние имаме јасна и амбициозна цел. Не успоруваме со иновациите. Многу работевме на Mac и имаме возбудливи производи”, изјави директорот на Apple, Тим Кук, на претставувањето на MacBook Pro компјутерите.

Новиот 13 инчен MacBook Pro е полесен и потенок. Тежи само 1,56 кг, а дебелината му е 1,8 сантиметри. Батеријата трае девет часа, а цената ќе му биде 1.299 долари. Вториот модел, со дијагонала 15 инчи, има 2GHz i7 процесор, 8 GB RAM и 56GB SSD диск. Неговата цена е 1.999 долари.

Apple го претстави и таблетот MacPro кој има Xeon E5 процесор, 64GB меморија, а ќе биде достапна и Flash меморија до 1 TB капацитет. Почетната цена ќе биде 2.999 долари, а во продажба ќе излезе до крајот на годината.

ipadair2