Sony оствари рекордни приходи од 24,9 милијарди долари

52

Јапонскиот технолошки гигант Sony  објави резултати за периодот од октомври до декември 2023 година кои ги надминаа очекувањата на аналитичарите, но и ги намалија очекувањата за продажбата на неговата водечки конзола PlayStation 5.

Приходите на Sony од октомври до декември 2023 година изнесуваат рекордни 3,75 трилиони јапонски јени, или 24,9 милијарди долари, што е значително повисоко од очекувањата на аналитичарите на агенцијата LSEG, кои предвидуваа 3,58 трилиони јени, пренесува CNBC.

Оперативната добивка на Sony за споменатиот квартал е 463,3 милијарди јени, додека LSEG очекуваше значително помалку, 428,4 милијарди јени.