Во Гриер, западна Швајцарија, од средината на мај до средината на октомври, петтата генерација на фамилијата Мурит, на планинските пасишта го произведува познатото сирење гриер. Секоја пита сирење тежи од 25 до 40 килограми и потребни се до шест месеци да созрее. Фамилијата произведува околу 200 парчиња секоја година што ги продава локално, притоа користејќи непастеризирано млеко од крави што самите ги чуваат. Фотографот на Ројтерс, Денис Балибаус, помина извесно време со фамилијата Мурит и со својот апарат забележа како минуваат деновите и ноќите на алпските пасишта во Швајцарија.
Инаку, швајцарскиот гриер беше прогласен за најдобро сирење на Светскиот шампионат за сирење за 2010 година кој се одржа во Висконскин, САД.
Фото: Денис Балибаус/Ројтерс