Компанијата LG Electronics ги објави финансиските резултати според кои е забележан консолидиран приход од 12,51 милијарди долари.
Силната конкуренција на пазарот на телевизори и неповолниот двизен курс влијаеа на вкупните приходи во споредба со третиот квартал од 2012 година, додека продажбата на мобилни телефони порасна за 24% во однос на истиот период минатата година.
LG исто така забележа зголемување на оперативниот профит за 27% во однос на истиот период минатата година.