Просечната нето плата во август изнесувала 21.108 денари

50

AEC047CD7D7E87448BDA7179BC6D5D64Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната нето-плата во август годинава изнесувала 21.108 денари, додека месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец била 30.990 денари.

Просечната месечна бруто и нето плата по вработен, во август 2013 година, во однос на август 2012 година, е поголема за 0,7%.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите, Tранспорт и складирање (6,7%), Рударство и вадење на камен (6,6%) и Други услужни дејности (6,6%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (4,9%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,4%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (2,3%).

Во август 2013 година, 1,5% од вработените во Република Македонија не примиле плата.