Nvidia изгуби повеќе од 200 милијарди долари од пазарната вредност

66

Акциите на Nvidia паднаа за 10 отсто во петокот, бидејќи инвеститорите избегнуваа ризични средства пред серијата квартални извештаи од големите технолошки компании следната недела.

Производителот на чипови ја имаше својата најлоша сесија од март 2020 година, губејќи повеќе од 200 милијарди долари од пазарната вредност тој ден. Падот претставува околу половина од падот од 0,9 отсто на S&P 500 на Волстрит, според податоците на Bloomberg.

Нетфликс, од друга страна, изгуби околу девет отсто од вредноста на ден откако стриминг сервисот објави дека ќе престане редовно да ги објавува своите претплатнички броеви, што ги засени посилните од очекуваните квартални резултати на компанијата. Технолошкиот Nasdaq Composite ја заврши сесијата со пад од 2,1 отсто.

Аналитичарите рекоа дека петок ќе биде тежок ден за технолошките акции, бидејќи сè што беше добро претходно оваа година сега е во застој, додека банките и енергетскиот сектор добро се држат. Индустрискиот Dow Jones индекс зајакна за 0,56 отсто, што значително придонесе растот на вредноста на акциите на компанијата American Express, која зајакна за повеќе од шест отсто по објавувањето на кварталните податоци.