Американската технолошка корпорација Apple објави рекорден откуп на сопствени акции од 110 милијарди долари, откако последните финансиски резултати за тримесечниот период од јануари до март покажаа забавување на продажбата.
Во првите три месеци од 2024 година, кои го претставуваат вториот фискален квартал на компанијата, Apple забележа приход од 90,75 милијарди долари, што е за четири отсто помалку од истиот квартал минатата година, пренесува CNN.
Кварталниот профит на Apple беше 23,64 милијарди долари или 1,53 долари по акција, што е за два отсто помалку од истиот квартал во 2023 година.
Фото: facebook