
Ко-основачот на компанијата Мајкрософт пред две години изјави дека ќе се пресели надолу на листата на најбогати бидејќи планира да го донира речиси целото свое богатство преку својата фондација Бил и Мелинда. Според проценките на американскиот деловен медиум Блумберг, неговото богатство вреди 153 милијарди долари. Делумно се знае на што ги потрошил парите и тоа:
Имот во Вашингтон од 183,5 милиони долари;
Авион Bombardier BD-700 Global Express за 19 лица;
Колекција на автомобили за кои се знае дека вклучува Porsche 959; Всушност, неговиот прв автомобил по основањето на Microsoft, во 1979 година, исто така беше Porsche, но тогаш тоа беше познатиот модел 911 што подоцна го продаде на аукција за 80.000 долари;
Неколку имоти, вклучително и еден во американскиот национален парк Јелоустоун за кој платил девет милиони долари;
Инвестициската компанија Cascade;
Суперјахтата Serena долга речиси 134 метри. За изнајмување на овој брод со хелиодром чини пет милиони долари неделно.
Хуманитарни цели, за кои потрошил десетици милиони долари.
Гејтс истакна дека на секое од неговите три деца ќе остави по десет милиони долари во наследство.













