Т-мобиле Македонија се присоединува кон Македонски Телеком

46

C48DC16B4E988A41AA4E72C791C110EBСпоред информациите од двете компании, одборите на директори на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија донесоа одлуки за одобрување за склучување спогодба за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком.

Престанокот на деловните активности на Т-Мобиле Македонија е заклучно со 31.12.2013 година.

“Спогодбата ќе биде доставена за предбележба во Трговскиот регистар кој го води Централниот регистар на Република Македонија и сите известувања ќе бидат објавени во согласност со одредбите на Законот за трговски друштва и другите применливи закони”, стои во соопштението.

Спогодбата за присоединување ќе биде предмет на конечна потврда од страна на Собранијата на двете друштва.