Продажба на здрава храна само со научна потврда

60

2-Kakо-zdravo-da-gi-pokachite-kilogramite-dokolku-ste-premnogu-slabi-www.kafepauza.mk_Сите производители и увозници на храна од 1 јануари 2014 година ќе мора да имаат изготвено научна студија за своите производи доколку ги рекламираат како здрави или хранливи.

Како што велат во Агенцијата за храна и ветеринарство, студијата ќе ја одобрува посебна комисија.

Оваа обврската на компаниите доаѓа од Правилникот за нутритивни и здравствени тврдења во комерцијални цели при означување кој е согласно европската легислатива. Истиот ќе биде денес презентиран на работилница во Стопанската комора на Македонија.

Работилницата се организира во соработка со Асоцијацијата за здравство и Здружението за земјоделство при Стопанската комора. Пред претставниците на прехранбениот сектор ќе се обрати заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани.