Компанијата која е во сопственост на Google, Motorola Mobility, го претстави проектот Ара – отворена хардверска платформа за правење на модуларни смартфони.
Од компанијата велат дека ги заинтригирал концептот телефони Phonebloks, каде корисниците рачно ќе можат да ги заменуваат компонентите, слично како ринг тоновите, и затоа сега Моторола ги става своите расположливи ресурси токму во овој проект.
Тоа што Моторола подразбира под проектот Ара, проект предводен од напредната група за Технологија и Производи, е тимска работа со креаторот на Phonebloks Дејв Хакенс на “endoskeleton (надворешен скелет) и модули.”
Според објавата на блогот на компанијата од страна на Пол Еременко, од Моторола велат дека веќе е направена “длабока техничка работа” и процесот ќе биде отворен за заедницата и волонтерите (односно Ара извидници) кои ќе можат да се пријават тука за да почнат со дизајнирање на хардвер модули.
Нивната поставена цел е да направат за хардверот она што Андриод го има направено за софтверот: да креираат енергичен трет екосистем, да ги намалат пречките за влез, да го зголемат темпото на иновација. Концептот би требало да им овозможи на корисниците сами да одлучуваат што ќе има во нивниот телефон, како ќе изгледа и што ќе прави.
Модуларните предлози ги вклучуваат процесорот на телефонот, дисплејот, ектра батерија, надворешни сензори или се она што е возможно.
Спецификациите за изработката на модулите (Module Developer’s Kit) ќе бидат објавени оваа зима. Волонтерите ќе можат да очекуваат екслузивен попуст на производот кога истиот ќе биде ланиран, а 100-те најактивни ќе добијат бесплатни телефони.
Хакенс го опиша својот дизајн како телефон вреден за чување, кој има можност да се надгради дел по дел, со надеж дека никогаш нема да застари.