
Црногорец своето изненадување и фрустрација од цените го сподели на социјалната мрежа X. Објави фотографија од фискална сметка која многу го изненади, а на која покажа дека платил 24 евра за две еспреса, една кисела вода и две ракии!
Оваа сметка ја добил во кафуле во Тиват.
– Ова е безобразно! Не треба да се наплаќа 7 евра за кисела вода од 0,7л – вели тој во својата објава.
"Ovo je bezobrazluk": Čovek šokiran cenama u Tivtu pic.twitter.com/KFAJwW7DaP
— Arsil (@arsagarson) May 27, 2024
– Ја сакам Црна Гора, сите знаете, но ова е безобразно. Не ми е жал, би го дал животот за оваа земја, но тоа што е премногу е премногу – напишал очигледно разочаран Црногорец.
Во коментарите некои велат дека цените не се толку високи ниту во најпопуларните европски метрополи, а други го прашале што очекува кога решил да нарача пијачка во кафуле на толку популарно и скапо место.














