
Кинескиот суд го осуди Баи Тианхуи, поранешниот извршен директор на Huarong (China Huarong International Holdings), на смрт поради корупција, објави денеска кинеската телевизија CCTV.
Како што пренесува Ројтерс, повикувајќи се на кинески извори, Баи Тианхуи примил мито во износ од 1,1 милијарда кинески јуани или околу 140 милиони евра во периодот од 2014 до 2018 година, се наведува во објаснувањето на судот.
Ја злоупотребил својата положба за да им „помогне“ на одредени субјекти при преземање проекти и корпоративно финансирање.
Износот на поткупот што го зеде Баи беше „огромна“, а судот наведе дека „социјалното влијание на овој настан беше особено катастрофално и предизвика сериозни загуби на интересите на државата и народот“, се вели во соопштението.
Во јануари 2019 година, кинеските обвинители наредија апсење на четворица поранешни директори на Хуаронг под сомнение за корупција, вклучувајќи го и Баи Тианхуи.
Со покренување на кривична постапка тие автоматски ги загубија своите функции, како што е практика во Кина.
China Huarong International Holdings е клучната офшор-финансиска гранка на проблематичниот China Huarong Asset Management, кој беше преименуван во China Citic Financial Asset Management во јануари, откако беше преземен од државниот конгломерат Citic Group.
Лаи Ксиаомин, поранешниот претседател на Кина Хуаронг, беше осуден на смрт во 2021 година, откако беше прогласен за виновен за примање мито во вкупна вредност од 1,788 милијарди јуани од 2008 до 2018 година.












