Porsche претстави хибридна верзија на познатиот модел 911, почетна цена од 151.777 евра

Германскиот производител на автомобили Порше  ја претстави хибридната верзија на својот познат модел 911, кој се продава по почетна цена од 151.777 евра.

Како што пренесува CNN, новиот модел од нула до сто километри на час забрзува за 2,9 секунди, што е за 0,3 секунди побрзо од претходниот модел GTS, кој не спаѓа во категоријата хибриди.

Автомобилот има хибриден мотор од 532 коњски сили и може да достигне максимална брзина од 312 километри на час.