
Европските берзански индекси денеска бележат пад, нафтата од типот „брент“ се продава за повеќе од 84 долари за барел, а во исто време е забележан пад на цените на златото и на пченицата.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9:15 часот падна на 18.612,55 поени, британскиот FTSE 100 на 8.245,67 поени, францускиот CAC 40 на 8.034,64 поени, а московскиот MOEX на 3.301,58 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.852,86 поени, додека индексот S&P 500 порасна на 5.306,04 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 17.019,88 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 80.258 долари, а на нафтата „брент“ на 84.567 долари. На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 33.605 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.355,45 долари за унца, а на пченицата на 6,9751 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,08541, што е приближно исто како во вторникот.











