
Британската фунта денеска порасна за 0,3 отсто во однос на еврото и сега е најсилна во однос на заедничката европска валута во речиси две години, од август 2022 година.
Според податоците од девизниот пазар, еврото денеска во 11 часот се продаваше за 85 пени.
Како што пренесува Блумберг, растот на фунтата во однос на еврото е поттикнат од очекувањата дека Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ги намали каматните стапки во еврозоната на почетокот на јуни, додека Банката на Англија ќе ги чека резултатите од јулските парламентарни избори во Британија пред да донесат одлуки за каматните стапки.
Членот на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ), Оли Рен, во понеделникот изјави дека банката ги намалила каматните стапки во вистинско време во јуни.
Во текстот објавен на веб-страницата на Централната банка на Финска, чиј гувернер е тој, Рен посочи дека инфлацијата во еврозоната паѓа „на одржлив начин“.
Инфлацијата во еврозоната во април остана стабилна на 2,4 отсто и веќе седми месец по ред е под три отсто, објавија медиумите.
„Благодарение на овој дезинфлациски процес, инфлацијата на одржлив начин се приближува до нашата цел од два проценти и затоа во јуни е зрело време да се олесни ставот на монетарната политика и да се започне со намалување на каматните стапки“, рече Рен, пренесе Танјуг.











