Европските бизнисмени очекуваат влошување на односите со Кина во наредните години

Повеќето европски извршни директори очекуваат влошување на европско-кинеските односи во следните три години, издвојувајќи ја стратегијата на ЕУ за намалување на ризиците во деловното работење со Кина и блиските врски меѓу Пекинг и Москва како главни проблеми.

Нешто повеќе од половина од анкетираните бизнис лидери, 54 отсто од нив, проценуваат дека односите меѓу ЕУ и Кина ќе се влошат, а само 7 отсто од нив очекуваат подобрување, покажува истражувањето на Европската тркалезна маса за индустрија (ЕРТ) кој вклучува извршни директори и претседатели големи европски компании како ASML и Unilever.

Европската унија е најголемиот пазар за извоз на стоки во Кина, а Кина е на трето место меѓу извозните дестинации на стоки од ЕУ.

Повеќе извршни директори на западните мултинационални компании со седиште во Кина очекуваат стабилни односи отколку влошување
Извршните директори на западните мултинационални компании со седиште во Кина се пооптимисти од нивните колеги во Европа и повеќе очекуваат стабилни односи отколку влошување, според истражувањето на ЕРТ објавено во средата.

Најголем предизвик, според оценката на двете групи, е стратегијата на ЕУ која треба да ја намали зависноста од Кина, бидејќи го доведува во прашање снабдувањето со клучни минерали и технологија.

Извршните директори, особено оние со седиште во Кина, ја издвојуваат „новата ера“ на партнерството меѓу Пекинг и Москва, како и односите на Кина со САД и големите индустриски капацитети на Кина, меѓу можните извори на триење меѓу ЕУ и Кина.

Оптимизам за водење бизнис надвор од Европа
Истражувањето посебно покажа дека европските извршни директори и претседатели на компании се генерално пооптимисти отколку пред нешто повеќе од две години, но поизразениот оптимизам главно произлегува од бизнисот надвор од Европа.

Претседателите на администрациите сметаат и дека новото раководство на ЕУ, кое ќе биде именувано по изборите за Европскиот парламент, најмногу би и помогнало на европската економија со поедноставување на регулативите и завршување на процесот за создавање единствен пазар на ЕУ.