Британската централна банка во четвртокот ја задржа основната каматна стапка непроменета на 5,25 отсто.
Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија со седум гласа „за“ и два „против“ одлучи да чека на намалување на стапките, во согласност со очекувањата на економистите.
Оваа недела беше објавено дека инфлацијата во мај се забавила на два отсто, што е во согласност со целите на централната банка.
И покрај тоа, се стравува дека инфлацијата во некои области би можела да остане висока, поради што не е ни сигурно дека стапката ќе биде намалена на следната седница во август.
Пред него во јули ќе се одржат парламентарни избори.