Во Европа се гради чудо од патна и железничка архитектура: Од Данска до Германија за само 7 минути

Започна изградбата на најдолгиот подводен тунел во светот, кој ќе ги поврзува Скандинавија и Централна Европа.

Станува збор за 18-километарскиот тунел меѓу Данска и Германија под Балтичкото Море, кој ќе има патен и железнички сообраќај.

Сообраќајот на патиштата ќе се одвива по две ленти во двата правци.

Почетокот на изградбата свечено го официјализира данскиот крал Фредерик X.

Се планира тунелот да биде пуштен во сообраќај во 2029 година, а значително ќе го скрати патувањето меѓу Данска и Германија. Имено, сегашното патување со траект трае 45 минути, а по изградбата на тунелот, патувањето со воз ќе трае седум минути, а патувањето со автомобил ќе трае 10 минути.

Тунелот е финансиран од Данска
Изградбата ќе чини 4,8 милијарди евра, а целосно е финансирана од Данска, која подоцна ќе одлучува за наплатата на патарините за тунелот.

Во последните неколку децении, Данска изгради патни и железнички врски со соседна Шведска и меѓу двата големи дански острови. Имено, во 2000 година се изградени мост и тунел кои ги поврзуваат Копенхаген и Малме како трет по големина шведски град.