„Црната кутија“ задолжителна за сите нови возила од 7 јули во ЕУ

82

Од 7 јули 2024 година, сите нови возила што се продаваат во Европската унија ќе мора да имаат специјален уред „Event Data Recorder“ (EDR), кој снима одредени податоци во возилото пред, за време и по несреќа и кој може да помогне во анализа на сообраќајни незгоди . Правејќи аналогија со сличен уред (кој е со портокалова боја) во авионите, веќе е усвоено името „црна кутија“.

Јасно е дека податоците од „црната кутија“, исто како и оние од авионот, никому нема да му бидат достапни. Податоците од ЕDR ќе се „читаат“ по налог на судија или обвинител кој со помош на овластени вештаци врз основа на тие податоци ќе донесе одредени заклучоци.

Важно е да се нагласи дека „црната кутија“ на автомобилот, за разлика од оние од авионот, нема да снима гласови, звуци од кабината и дека нема да може да се деактивира (тоа е целиот мрежен систем во возилото) и тоа, за жал, технички е тешко да се имплементира за да се инсталира во постари автомобили.

Најважната улога на ЕDR системот е превентивна, бидејќи се верува дека многу ќе влијае на однесувањето на возачите во сообраќајот, известуваат од Здружението.