Сопственик на хотел во Пефкохори е казнет со 20.000 евра бидејќи, како што откри организацијата за заштита на животните „Одред за спасување и одбрана на животни“, користел два папагали за комерцијални цели на плажата.
-Со соработка на сите нас отстранети се два папагали ара, кои служеа за заработка на плажата Пефкохори. Поднесена е тужба за пасивно малтретирање и по наредба на обвинителот на Халкидики животните се отстранети и изречени се административни казни во износ од 20.000 евра – се вели во соопштението на организацијата за заштита на животните, пренесува ЕРТ.
Како што е наведено во претставката, тој имал ограден простор во близина на плажата каде што се наоѓале два папагали.
Случајните минувачи застанувале, тој ставал папагали на рамо, фотографирал туристи и наплаќал 10 евра.
Како што наведе ЕРТ, сопственикот им ги скратил крилјата на папагалите за да не одлетаат.