Германија во мај со пад на извозот

41

Во мај Германија извезла 3,6 отсто помалку стоки од април, додека во април статистичарите забележале раст од 1,7 отсто.
Увозот е намален за 6,6 отсто во петтиот месец, откако во април се зголемил за 1,2 отсто. Трговскиот суфицит изнесуваше 24,9 милијарди евра, во април запре на 22,2 милијарди, објавија германските статистичари.

Намален извозот поради намалената побарувачка од Кина и САД, го резимираше германската новинска агенција dpa денешното соопштение на германскиот завод за статистика Дестатис.

На годишно ниво, германскиот извоз падна за 3,8 отсто во април, откако германската статистика забележа раст од 12,3 отсто во април.

Увозот е намален за десет отсто на годишно ниво, додека во април е забележан раст од 6,4 отсто.