Во мај Шпанија ја посетиле 9,3 милиони туристи

Рекордни 9,3 милиони странски туристи ја посетиле Шпанија во мај, што е за 11,5 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година, објави шпанскиот национален институт за статистика (INE).

Најбројни биле туристите од Велика Британија, бидејќи во мај Шпанија ја посетиле 1,9 милиони граѓани на таа земја, 5,7 отсто повеќе отколку во споредливиот период, пренесува Capital.ba.

На второ место е Франција со 1,3 милиони туристи, а нивниот број е зголемен за 11,7 отсто на годишно ниво.

Шпанија во мај ја посетиле 1,2 милиони туристи од Германија, што е за 9,3 отсто повеќе од истиот период лани.

Бројот на странски туристи во Шпанија за првите пет месеци од оваа година е зголемен за 13,6 отсто на годишно ниво на приближно 33 милиони посетители.