
Производителот на автомобили Stellantis денеска објави дека ќе ја прошири својата палета на хибридни возила на 36 модели до 2026 година поради зголемената побарувачка во Европа.
Според извештаите, оваа година Stellantis на потрошувачите ќе им понуди вкупно 30 хибридни модели за девет од своите 14 марки, вклучувајќи ги Fiat, Peugeot, Jeep и Alfa Romeo, а уште шест модели ќе им бидат достапни на клиентите во следните две години.
Компанијата додаде дека нејзината продажба на хибридни возила во периодот од јануари до мај 2024 година се зголемила за 41 отсто на годишно ниво.












