Во 2023 година, ЕУ најмногу користеше поморски транспорт за трговија

Во 2023 година, поморскиот транспорт учествуваше со 47 отсто од трговската размена меѓу Европската унија и остатокот од светот, а мерено во количината на превезената стока, учеството беше 74 отсто, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат. Морето беше главниот начин на транспорт за извоз надвор од ЕУ во 16 земји од ЕУ.

Структурата на трговијата надвор од ЕУ по начин на транспорт покажува дека поморскиот транспорт учествува со 43,9 отсто од вредноста на стоките извезени од ЕУ и 51 отсто од стоките увезени во ЕУ во текот на 2023 година.

Воздушниот транспорт учествува со 26,2 отсто од извозот на ЕУ и 17,4 отсто од увозот. Патниот сообраќај учествува со 24,1 отсто од извозот во ЕУ и 18,7 отсто од увозот во ЕУ. Другите форми на транспорт, кои вклучуваат гасоводи, учествуваат со 4,3 отсто од извозот и 11,6 отсто од увозот. Според Евростат, само помало учество има железничкиот сообраќај со учество од 1,5 отсто во извозот и 1,3 отсто во увозот.