Турција планира да го забрза процесот на приватизација на националната лотарија во ноември, кога повторно ќе распише тендер, а процесот треба да заврши во јануари следната година, изјави министерот за финансии Мехмет Шимшек во интервју за CNBC-e, пренесува Хуријет.
“Очекуваме целиот процес на приватизација на Milli Piyango да се финализира најдоцна до јануари”, изјави Шимшек.
Турција се откажа од идејата да распише тендер за приватизација на лотаријата како целина, откако некои понудувачи не ја исполниле минималната цена од 1,6 милијарди долари. Анкара подоцна одлучи наместо во целина, да се продаваат индивидуални лиценци за игри на лотаријата.
Правните подготовки почнаа во 2003 година, со што беше овозможено лиценците за игри да им се доделуваат на државни или приватни компании преку спроведена тендерска постапка. Првиот тендер се одржа во мај 2009 година, но не даде никакви резултати.
Турската националната лотарија оствари приход од продажба над 1,08 милијарди долари минатата година.