Јавниот долг на еврозоната се зголеми на 88,7 отсто од БДП во првиот квартал од 2024 година

Јавниот долг на еврозоната се зголеми од 88,2 отсто во четвртиот квартал од 2023 година на 88,7 отсто од БДП во првиот квартал од 2024 година, објави денеска Евростат.

Нешто попозитивна вест е дека дефицитот на еврозоната се намали од четири отсто од БДП во четвртиот квартал од 2023 година на 3,2 отсто во првиот квартал од 2024 година, пишува бриселскиот Политико.

Во наведениот период се зголеми и јавниот долг на Европската унија од 81,5 на 82 отсто од БДП.