Канцелариските работници да се пензионираат на 70 години

121

Германските работодавци сметаат дека е разумно вработените кои работат во канцеларии да се пензионираат на 70 години.

„Работник во фабрика не може да работи толку долго, но некој што седи во канцеларија може“, вели Стефан Волф, шеф на здружението на работодавци во металната индустрија.

Германија постепено ја зголемува старосната граница за пензионирање, така што во 2029 година таа ќе биде 67 години, наместо сегашните 65.

Волф рече дека за посилна конкурентност, на земјата ѝ треба повеќе, а не помалку, завршена работа.

Истовремено, тој ги отфрли барањата за четиридневна работна недела со целосна плата.

Во металната и електроиндустријата работната недела е веќе скратена на 35 часа и не може дополнително да се скрати, рече тој.

Јас не сум против четиридневна работна недела, но сум против скратување на работната недела генерално“, рече тој.

Волф ја предводи чадор-организацијата на здружението на работодавачи на металната и електричната индустрија, сектор кој вработува околу четири милиони луѓе.