
Европскиот туризам цвета, со повеќе посетители и 37 отсто поголема потрошувачка отколку пред пандемијата.
Тоа претставува импресивен пораст од 37 проценти од нивото пред пандемијата од 583 милијарди евра, според податоците за туризмот на Обединетите нации, цитирани од публикацијата.
„Засега гледаме дека дестинациите на јужна Европа и Медитеранот остануваат постојано популарни меѓу патниците во Европа“, рече извршниот директор на Европската комисија за патувања.
Туристите го ценат потоплото време во овие делови. Грција, на пример, сè уште е многу популарна дестинација. Исто така, во регионите како Хрватска и Малта е забележан пораст на бројот на странски туристи од 7,6 отсто, односно 37 отсто, во споредба со 2019 година.
Албанија доживеа огромен скок во уделот на туристи, достигнувајќи 86 отсто во споредба со 2019 година. Севкупно, 72 отсто од трошоците за туризам биле во Западна Европа, се вели во извештајот, а најголемиот дел од овие туристи биле Американци.
Меѓународните туристички пристигнувања се зголемени за 22 отсто во Турција и 29 отсто во Бугарија во однос на 2019 година, а во Србија овие пристигнувања скокнале за 40 отсто во однос на периодот пред пандемијата.
И додека речиси 800 милијарди долари додадени на европската економија се секако прилично позитивна работа, некои земји не се толку возбудени поради премногу туристи во нивниот регион. Некои места воведоа антитуристичка политика, како забрана за изградба на нови хотели и наплата на такси за еднодневни патувања, а локалните жители почнаа да протестираат против прекумерниот туризам.
Сепак, се чини дека ова сè уште не ги одврати патниците да заминат во Европа за нивниот одмор.












