
Компанијата која управува со германските железници, Дојче Бан, планира да отпушти 30.000 работници или околу девет отсто од работната сила поради големи загуби.
Одлуката е донесена по големите инвестиции во поправка на железничката мрежа, штрајковите и лошите временски услови доведоа до нето загуба од повеќе од милијарда евра.
Шефот на финансиската служба на оваа компанија Левин Хол изјави дека во следните пет години ќе има отпуштања и кратење на работните места, а најмногу ќе бидат погодени работните места во администрацијата.
Сепак, годинава „мора да си одат“ 1.500 работници.
Дојче бан пријави нето загуби од 1,2 милијарди евра во првата половина од годината, пренесува Срна.












