Турскиот заменик премиер Али Бабакан изјави дека целта на турската влада во периодот од 2014 до 2016 година е да отвори 1,8 миниони нови работни места и со тоа стапката на невработеност да ја доведе до 8,9%, пишува Хуријет.
“Планираме раст од 4% во 2014 година, а од по 5% во 2015 и 2016, како што претходно објавивме во нашата последна среднорочна економска прогноза. Во согласност со тоа, планираме да отвориме 1,8 милиони нови работни места од 2014 до 2016 година”, изјави Бабакан, кој прогнозира дека до крајот на оваа година, стапката на невработеност во Турција ќе биде околу 9,5%.
Според Бабакан, еден од најголемите проблеми во глобалната економија ќе биде успорувањето на новите економии, а особено негативно ќе влијае успорувањето на кинеската економија.