Најголемиот светски производител на чипови TSMC на 20 август свечено ќе го постави камен-темелникот на својата прва фабрика во Европа, поточно во германскиот град Дрезден, потврдија анонимни информирани извори за агенцијата Никеи.
На церемонијата ќе присуствуваат претседателот и извршниот директор на TSMC C.C. Веи и други важни достоинственици, што е знак на посветеност за инвестирање во Германија, додаваат изворите.
Изградбата на фабриката во Дрезден треба да започне до крајот на 2024 година, а производството до крајот на 2027 година, објави претходно TSMC.
Станува збор за заедничко вложување меѓу компанијата TSMC, која поседува 70 отсто од акциите, и компаниите Robert Bosch, Infineon и NXP Semiconductors, а фабриката формално ќе биде означена со кратенката ESMC.
Во фабриката ќе се инвестираат вкупно 10 милијарди евра и се очекува да се отворат околу 2.000 директни работни места за висока технологија.
Минатиот август, тајванската TSMC донесе стратешка одлука за првпат да го прошири својот производствен капацитет во Европа и да изгради фабрика во Германија, привлечена од владините стимулации во Берлин, објавија медиумите.