L’Oréal купува 10% од акциите во швајцарската фирма

L’Oréal купи десет отсто од акциите во швајцарската фирма Galderma, која е специјализирана за третмани на кожата и инјекции, како што се филери.

– Ова е амбициозен чекор за нашата компанија што ќе ни овозможи да истражуваме партнерства на брзорастечкиот естетски пазар – коментираше главниот извршен директор на L’Oréal, Николас Хиеронимус.

Уделот е вреден 1,7 милијарди врз основа на пазарната капитализација на Галдерма, што не е голема сума за францускиот гигант, па купувањето ќе се финансира преку расположливите парични средства и кредитни линии, пишува Ројтерс.

Тоа е првиот чекор во можното проширување на нивниот бизнис надвор од сегментот на производи за нега на кожа и коса, откако L’Oréal претходно се одлучи на сосема спротивен чекор. Имено, Galderma првично беше основана во 1981 година од L’Oréal и швајцарската прехранбена група Nestlé, но во 2014 Nestlé ги купи сите 50 проценти од акциите на својот партнер. За возврат, L’Oréal ги доби акциите што Nestlé ги имаше во нивната компанија.