Бројот на градежни дозволи во Германија постојано паѓа

Состојбата со станбената изградба се одразува и во бројот на градежни дозволи – а тој број постојано паѓа во Германија. Во јуни властите издале само 17.600 одобренија за градба на станови.
Тоа е за 19 отсто помалку од 12 месеци порано. Во првото полугодие издадени се 106.700 одобренија што е за 21,1 отсто помалку во однос на истиот период лани.

Кога канцеларот Олаф Шолц дојде на власт на крајот на 2021 година, тој постави за цел да гради 400.000 станбени единици годишно, но целта секоја година сe повеќе се пропушта.

Статистичарите забележуваат најголем пад во издавањето дозволи за изградба на индивидуални семејни куќи: со 18.600 во првите шест месеци од 2024 година, што е за 30,9 отсто помалку од претходната година.

Изградбата на станови е под притисок од зголемените трошоци за изградба од пандемиската криза, а на ова следеше и поскапо финансирање под бранот на инфлација од претходните две години.