Започна изградбата на мега фабрика за чипови во Дрезден

Денеска во Дрезден започна изградбата на фабрика за чипови, заеднички проект вреден 10 милијарди евра меѓу Taiwan Semiconductor Manufacturing Company Limited (TSMC) и Bosch, Infineon и NXP Semiconductor, што треба да предизвика стратешки пресврт во ЕУ во однос на производството на полупроводниците.

Европската комисија во вторникот објави дека одобрила германска субвенција од пет милијарди евра за изградба на фабрика за чипови во Дрезден.

Властите во Брисел го проверија планот за субвенционирање под лупата на регулативите за државна помош за економијата.

Според Комисијата, субвенцијата има стимулирачки ефект и без неа фабриката не би постоела. Поставувањето на проектот ќе чини десетици милијарди евра, а германското Министерство за економија покрива половина од него.

Фабриката северно од Дрезден заеднички ќе ја градат гигантскиот тајвански производител на чипови TSMC, Bosch, Infineon и NXP Semiconductor.

Производството првенствено ќе биде насочено кон германската автомобилска индустрија.

Фабриката е, исто така, важен проект под покровителство на европскиот закон за чипови, со кој Европската унија сака да развие одржливо производство во својот двор и со тоа да ја зголеми отпорноста кон трговските нестабилности.