Во земјите од Европската унија во јули се регистрирани 852.051 нови автомобили, што е за скромни 0,2 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, објави денеска Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA).
Растот на регистрациите на нови патнички возила на годишно ниво во јуни е значително поголем и изнесува 4,3 отсто.
Јулските резултати од главните европски пазари се нерамномерни, бидејќи во Италија има зголемување на продажбата од 4,7 отсто на годишно ниво, како и во Шпанија за 3,4 отсто, додека во Франција бројот на регистрации на нови автомобили е намален за 2,3 проценти, а во Германија за 2,1 отсто.