Турција очекува раст на БДП во следните неколку години

63

Бруто домашниот производ (БДП) во Турција следната година би требало да порасне за 3,5 отсто, во 2026 година за 4,5 отсто и во 2027 година за пет отсто, најави турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, пренесува Anadolu.
Јилмаз во четвртокот ја објави владината среднорочна економска програма, истакнувајќи дека растот на БДП се очекува во наредните години, пред сè, благодарение на економските реформи и структурните прилагодувања.

Тој посочи дека годинава се предвидува раст на БДП од 3,5 отсто, што е послаб од очекуваното, најмногу поради растечките геополитички тензии во регионот.

Целта е економијата да го достигне својот целосен капацитет за раст и да постигнеме стабилен тренд на раст на долг рок“, рече Јилмаз, нагласувајќи дека проектираниот економски раст е во согласност со стапката на дезинфлација.

Според новата економска програма, стапката на инфлација треба да падне на едноцифрена и тоа 9,7 отсто во 2026 година и седум отсто во 2027 година.

Според последните податоци на ТуркСтат, годишната стапка на потрошувачка инфлација во Турција се намалила на 51,97 отсто во август, што е најниска стапка од јули 2023 година.

Бруто домашниот производ (БДП) е макроекономски показател кој ја покажува вредноста на финалните добра и услуги произведени во земјата во текот на годината, изразена во парични единици.