Германската инфлација падна на најниско ниво во повеќе од три години

76

Германската инфлација падна на најниско ниво во повеќе од три години во август.
Инфлацијата падна на 2,0% во август, што е најниско ниво од јуни 2021 година, благодарение на пониските цени на енергијата.

Германските потрошувачки цени, приспособени за споредба со другите земји од ЕУ, се зголемија за 2,6% на годишна основа во јули.

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата, благо забави на 2,8% во август од 2,9% претходниот месец.

Во август цените на енергенсите во Германија паднаа за 5,1% во однос на истиот месец лани.

Од друга страна, растот на цените на храната забрза петти месец по ред. Цените на храната во август биле за 1,5 отсто повисоки во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Националното биро за статистика.

Растот на цените на услугите е значително поголем од вкупната инфлација, а во август забележа раст на годишна основа од 3,9%.