
Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, како и цените на нафтата и златото, додека на пазарите се чека одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за каматните стапки, која ќе биде објавена во 14 часот и 15 минути.
Истражувањето на Блумберг на 68 економски експерти покажува дека сите, без исклучок, веруваат дека каматните стапки во еврозоната ќе бидат намалени за по 25 базични поени.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.558,35 поени, британскиот FTSE 100 на 8.292,65 поени, францускиот CAC 40 на 7.477,24 поени, додека московскиот MOEX падна на 2.638,3 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones се искачи на 40.861,71 поени, S&P 500 на 5.554,13 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 17.395,53 поени.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта се искачи на 68.214 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 71.638 долари.
Европските фјучерси на гас се продаваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 35.850 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.515,92 долари за унца, а на пченицата на 5,6412 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,10106, што е приближно исто како и во средата.











