Еврото зајакна во однос на доларот

Цените на акциите вчера пораснаа на европските берзи, откако Европската централна банка по втор пат годинава ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени со цел да го стимулира растот на економијата на еврозоната.

Лондонски FTSE индекс зајакна 0,57 отсто, на 8.240 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,03 отсто, на 18.518 поени, а париски CAC 0,52 отсто, на 7.435 поени.

Азиските инвеститори се претпазливи, еврото зајакна
На азиските берзи во петокот се тргува внимателно, и покрај вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит, додека еврото зајакна во однос на доларот, иако Европската централна банка дополнително ги намали каматните стапки.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот порасна за 0,3 отсто. Истовремено, индексот Никеи падна за 0,7 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја паднаа за околу 0,1 отсто. Во Австралија и Хонг Конг, пак, тие се зголемија меѓу 0,2 и 0,9 отсто.

Азиските инвеститори не сакаат да преземаат премногу ризици во пресрет на продолжениот викенд, имајќи предвид дека некои пазари во регионот нема да бидат отворени за празниците на почетокот на следната недела.