Унгарците ги враќаат „златните визи“, треба само да имате пари

Унгарија повторно ја започнува програмата „златна виза“. Во случај на купување недвижен имот во Унгарија, странскиот инвеститор ќе добие право на десетгодишен престој во Унгарија, а пред сè унгарски пасош кој ќе му овозможи неограничено движење во Шенген зоната.

Пасошот можете да го добиете на овие 3 начини

Еден од условите е купување на недвижен имот во вредност од најмалку половина милион евра. Оваа опција ќе биде достапна на почетокот на 2025 година.

Иако европските земји ја напуштаат програмата за „златна виза“, Унгарија повторно им ја нуди на богатите странци, давајќи им можност да живеат и работат во земјата во замена за големи инвестиции.

Друга опција за добивање на десетгодишна дозвола за престој и унгарски пасош е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижнини издадени од Унгарската народна банка.

Третата опција е јавна донација од најмалку еден милион евра, пренесува Пословни дневник.