
Довербата на инвеститорите во германската економија дополнително опадна во септември. Индексот на доверба, кој го пресметува германскиот центар за европски истражувања (ZEW), падна во споредба со август од 19,2 поени на 3,6 поени.
Аналитичарите очекуваа многу помал пад, сметајќи дека вредноста на индикаторот ќе застане на 16,6 поени, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.
Индикаторот драстично падна веќе во август, за 22,6 поени, што е најлош пад во последните две години, пренесува AFP.
„Надежта за подобрување на економските услови во блиска иднина се намалува“, рече претседателот на ZEW, Ахим Вамбах, додавајќи дека падот е предизвикан од пониските очекувања за економски раст за целата еврозона, особено за Германија.
Европската централна банка (ЕЦБ) повторно интервенираше минатата недела, со цел да ги намали каматните стапки, но тоа не го подобри расположението на инвеститорите.
„Се чини дека повеќето испитаници веќе ја вклучија одлуката на ЕЦБ во нивните очекувања“, рече Вомбах.
Германската економија, која се смета за најголема во Европа, падна минатата година како единствена голема економија откако се бореше со високата инфлација.
Германскиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал неочекувано падна за 0,1 отсто во однос на првиот, но во првиот квартал зајакна за 0,2 отсто во однос на претходниот квартал.











